Ендодонтски третман на заби
Ендодонтскиот третман е третман во кој се отстранува пулпата (нервот заедно со крвните садови) и се врши механичка обработка на коренските каналите каде претходно лежела пулпата.
Ендодонтскиот третман е третман во кој се отстранува пулпата (нервот заедно со крвните садови) и се врши механичка обработка на коренските каналите каде претходно лежела пулпата.
Најчесто тоа се случува со забите кај кои поради длабок кариес и негов ненавремен третман, доаѓаат бактериите до пулпата и ја инфицираат истата. Кога ќе се инфицира пулпата со бактерии доаѓа до иреверзибилен процес и трајно оштетување. Најчесто во овој случај се јавуваат и оние силни болки во забот а понекогаш и целата вилица кои бараат итна посета на стоматолог.



За овај третман најчесто е неопходна локална анестезија, а по нејзината апликација овој третман е безболен. Зависно од типот на инфекција на пулпата потребни се 2 до 3 посети на стоматолог.
Во нашата ординација се работи на еден од најсовремените методи на ендодонтски третман.
- Се користи Кофердам со што се обезбедува чисто и суво работно поле
- Се користи Apexlocator со што се врши електронско мерење на должината на каналите.
- Се користи Рентген Дијагностика со RVG која е присутна во нашата ординација
- Се користи Ендомотор кој овозможува машинска обработка на коренските канали и чистење на ифицираното забно ткиво на најбрз можен начин
- Се користат екстремно флексибилни Никел-Титаниумски Фајлови кои овозможуваат и обработка и на најкривите коренски канали
- Се користи Ласер за стерилизација на обработените коренски канали, со тоа и се отстранува секоја можност за задршка на бактерии
- Се користи современа 3D Opturacija - затварање на коренските канали со топла вертикална кондензација со гутаперка и соодветен медикамент
Екслузивно во нашата ординација - MTA Obturation (Mineral trioxide aggregate)
Во нашата ординација се користи и најсовремениот метод на лекување на периапикални процеси со специјално полнење на коренските канали кое овозможува регенерација на оштетеното коскено ткиво и трајно лекување и на оние заби кои даваат најмала надеж.
И забите кои веќе еднаш се ендодонтски третирани но не се обработени и оптурирани соодветно може да создадат проблеми.
Секако дека во нашата ординација вршиме и третман на овие заби, притоа го отстрануваме старото несоодветно полнење и вршиме повторно обработка и соодветна обтурација на коренските канали. Нашата современа апаратура ни го овозможува тоа.....