Импактирани Заби
Најчесто импактирани заби се третите молари таканаречени умници. Тие никнуваат последни некаде меѓу 17 и 25 година, но најчесто поради недостаток на доволно простор во вилицата или нивна неправилна позиција, нивното никнување е отежнато.

- Болка од вршење на притисок - тие вршат притисок на соседниот заб и педизвикуваат непријатност и болка
- Инфекција на гингивата - бактериите заробени меѓу забот и непцето предизвикуваат инфекција која резултира со болка и зголемено лачење на плунка и вкочанетост на вилицата.
- Кариес-позицијата на умниците во вилицата го отежнува нивното четкање а со тоа се наталожува на нив храна и бактерии кои неможат да се отстранат, па тие најчесто уште пред да никнат се заболени од кариес.
- Циста-најтешка компликација која всушност претставува кеса исполнета со течност која што се формира околу гингивата на имапктираниот заб и може да доведе до фрaктура на виличните коски.
Импактираните заби се екстрахираат под локална анестезија,истата како и онаа што се дава за пломбирање на заби.
Тоа е интервенција со која се врши хируршко отстранување на врвот на коренот на забот и присутниот патолошки процес во коската.
Со апикотомијата се овозможува зачувување на забите со периодонтални процеси кои не е возможно да се излечат со конзервативна терапија и кои во спротивно би требало да се извадат. Интервенцијата се врши под дејство на локална анестезија.