Дентални Импланти
Денталниот имплант е артифицијален корен од метал (најчесто титаниумски ) кој се поставува во коската со помош на нежна хируршка интервенција каде недостигаат заби.Тие се идеална замена на изгубениот заб без притоа да се оштетуваат соседните заби или кај пациенти кои не сакаат да носат мобилни протези.
Првиот чекор е стоматолошки преглед, палпација на коската и консултација колку и каде би можело да се постават денталните импланти. Вториот чекор е правење на Рентген смимка најчесто 3 Д снимка и планирање на процесот на имплантирање .

Ако има оштетен корен прво се отстранува коренот или ако нема корен се прави поготовка на коската-препарација на коската каде потоа се аплицира имплантот. Самиот процес на апликација не трае подолго од 30 мин. Потоа има процес на зараснување на коската и биоинтеграција со имплантот кој трае од 3 до 6 месеци.
Успехот во поставување на имплантот лежи во процесот на остеоинтеграција кој се случува во коскеното ткиво после хируршкото поставување на имплантот. Тој подразбира формирање на нова коска во контакт со површината на имплантот. Периодот на остеоинтеграција изнесува најчесто 4-6 месеци за горна вилица, а 2-3 месеци за долна вилица.
Ако целиот процес се одвива без проблеми следува апликација на абатмент, тоа е делот на имплантот кој се става и го заменува препарираното забно трупче. Потоа врз него се изработува коронка или мост.