Периодонтални заболувања
Бактеријата која се наоѓа во забните наслаги предизвикува токсини или отрови кои ги иритираат непцата, што пак може да ги поцрвенее, отече и направи истите да крвават полесно. Доколку оваа иритација се оддолжи, непцата се одделуваат од забите, создавајќи џебови (празнини). Како што периодонталното заболување напредува, ткивото на непцето како и коската кои ги држат забите, почнуваат да се распаѓаат. Доколку не се лекува, ова води кон губење на забите.

Најдобар начин за да се спречат заболувања на непцата е ефикасно дневно четкање и чистење на забите со конец, како и редовни професионални проверки. За жал, дури и со нај внимателната домашна нега, луѓето развиваат некаков вид на периодонтално заболување. Штом ова заболување ќе се појави, потребна е професионална интервенција со цел да се спречи развивањето на истото.
Покрај толку многу производи на пазарот не е лесно да се одбере вистинскиот. Еве неколку предлози за одбирање на производи за дентална нега кои ќе одговараат за повеќето пациенти.
Препорачуваме сонични четки за заби кои се безбедни и ефикасни за повеќето пациенти. Наидовме на одлични резултати со соничните четки за заби: Sonic Complete на Oral B и Sonicare на Philips. Оралните иригатори (направи кои прскаат вода) ќе ја исплакнат вашата уста, но вие сепак треба да ги исчеткате забите и да ги исчистите со забен конец заедно со иригацијата.
Може да се користи гумен врв за да се масираат непцата по четкањето. Постојат исто така и мали четки (интерапроксимални четки) кои чистат помеѓу вашите заби. Доколку овие се користат неправилно можете да ги повредите непцата, затоа разговарајте за соодветната употреба на истите со вашиот стоматолог.
Пастите за заби со флуор (пр.: Fluoridex, Prevident 5000) како и водите за плакнење со флуор (пр: CariFree, ACT, PhosFluor) доколку се користат заедно со четкањето и чистењето со забен конец може да го намалат распаѓањето на забот до 40%. Запомнете, овие води за плакнење не се препорачани за деца под шест годишна возраст. Пастите за заби кои го контролираат забниот камен ќе го намалат истиот над работ на непцето, но заболувањата на непцата започнуваат под работ на непцата, па така овие производи не е докажано дека го спречуваат раното појавување на заболувањата на непцата.
Водите за плакнење кои се користат против забниот камен (пр.: Listerine, Lacalut), кои се одобрени од страна на Македонското стоматолошко здружение, содржат агенси кои може да помогнат при контролирање на заболувањата на непцата во раната фаза. Користете ги овие заедно со четкањето и чистењето на забите со забен конец.



Добрата исхрана игра голема улога во вашето дентално здравје. Четкањето и чистењето со забен конец помагаат во одржување на здравјето и цврстината на вашите заби и непца, сепак балансирана диета ќе ви го подобри имуниот систем на вашето тело, со тоа правејќи ве помалку подложни на орални заболувања.
Колку често и што јадете влијае на вашето дентално здравје. Јадењето на храна богата со скроб како на пример крекери, леб, колачи и слатки предизвикуваат бактериите во вашата уста да се хранат од нив, потоа тие создаваат киселини, кои ги напаѓаат вашите заби за 20 минути или повеќе. Исто така храна која се лепи за вашите заби или пак бавно се разградува им дава на киселините повеќе време за да ја уништат глеѓта на вашите заби.
Храна богата со скроб
- крекери
- лебови
- колачи
- слатки
Леплива храна / Храни кои бавно се разградуваат
- протеински житарки, Bonzita, Protein bars
- овошни слатки за џвакање
- сушено овошје
- компиров чипс
- тврди бонбони