Коронки И Мостови
Коронките и мостовите се фиксни протетски решенија за забите кои се оштетени или пак недостигаат. Тие се дел од реставративната стоматологија кои овозможуваат вашата насмевка да се врати во природно убава насмевка. Коронките се изработуваат кога структурата на забот е оштетена или фрактурирана а мостовите кога недостасуваат еден или повеќе заби.

Коронката е специјално изработен заб во заботехничка лабараторија која по боја форма и големина одговара на вашите постоечки заби. За да може да се изработи една коронка се одзема дел од оштетената забна супстанца -поточно забот се намалува во големина.
Готовата коронка се цементира за забот и заедно потоа функционираат како целина.

Мостот служи да ги надокнади забите кои недостигаат во забниот лак т.е. го премостува забниот простор од една точка до друга пополнувајќи ја празнината на извадениот заб. Изгубенот заб може да предизвика иклинација (наведнување) и ротација (извртување) на соседните заби што подоцна може да предизвика промена на загризот и зглобот. Исто така денталниот плак тешко се отсранува од површините на соседните заби, па честа појава се кариесот и парадонталните заболувања. Во мостот најчесто се вклучуваат и забите кои ја ограничуваат празнината. Кога ќе се изработи тој се фиксира за соседните заби и функционира исто како и природните заби.
Најчесто се изработуваат при следните забни проблеми:
- Надоместување на еден или повеќе изгубени заби
- Покривање на дисколорирани заби
- Дентални импланти
- Заштита на забот од забен кариес
- Надоместување на скршен или оштетен заб
- Естетска корекција

Мостовите и коронките може да се изработени од различни материјали:
- Метал керамика-основата е од метал, надворешноста од порцелан (керамика)
- Zirconia керамика-основата е од zircconium (циркониум диоксид, бел кристален оксид), а надворешноста е од керамика.
Циркониумот станува еден од најбараните материјали за забни коронки. Неговите предности вклучуваат:
- Супериорен изглед: бидејќи цирконијата е природно бела, таа им овозможува трансформација на било која сенка што прави да се совпаѓа со останатите заби. Циронијата е транспарентна, така што ја имитира транспарентноста на вашите природни заби.
- Посигурна насмевка: цирконијата не прави метален раб ( модро непце) на непцата. Метал-керамичките коронки имаат метален слој под порцеланскиот слој кој е на врвот на коронката. Оваа фузија / метална обвивка е видлива обично на работ на непцето. Ова е поочигледно кога се насмевнуваш. Цирониумските коронки ви помагаат да го надминете ова и да ја зголемите вашата доверба.
- 100% биокомпатибилен: до сега не е пријавена алергија на коронка од цирконија.
- Неверојатно цврста: цирконијата е најсилната коронка. Ако го одржувате добро, може да остане во устата засекогаш. Тоа е најмалку пет пати посилнa од порцелан или порцелан споен со метал. Има многу висока издржливост: цирконијата има сила на свиткување од 1200 MPa.
- Без метал : Некои луѓе, не сакаат да имаат метал во своето тело. Циронијата е најсоодветна за нив.
Изработката на денталните коронки и мостови опфаќа најмалку 2 посети на стоматолог. Во првата се врши:
- препарација(одземање од забната супстанца)
- земање на отисок од препарираните и од соседните заби
- ставање на привремени заби на препарираните заби додека да се готови трајните мостови, коронки
- бирање на боја според забите кои се присутни
Втората посета опфаќа отсранување на привремените заби, проверка на состојбата (чистење на кариес, лечење) и цементирање.
Целиот процес трае од 7 до 10 дена.
По фиксирањето на протетските изработки најбитно е да се одржува добро редовно и ефективно оралната хигена.
Четкањето 3 пати дневно и најмалку еднаш дневно чистење со интрадентални четкички ќе овозможат гингивата околу навлаките да биде здрава. Треба да се избегнува грицкање на моливи, дробење на мраз, грицкање на нокти итн.
А најважно од се е да се посетува најмалку 2 пати годишно стоматолог за да состојбата на забите и гингивата биде под контрола.
Колку време ќе траат највеќе зависи од вашиот начин на редовно и ефективно одржување на дентална хигена. Генерално периодот на траење е од 7-15 години.