(Macedonian) Белеење на заби

Белеење На Заби

Бојата на забите е определена од бојата на емајлот (глеѓта) и дентинот кои со текот на годините можат да ја променат својата боја и да добијат неестетска дисколорација. Емајлот и дентинот се пропустливи па затоа надворешните влијанија како чадот од цигарите, кафето, чаевите, темното вино и други супстанци можат да влијаат на нивната боја.

Системот за професионално белеење дава солуција за ваквите пациенти, кои можат за многу кратко да добијат мошне успешни резултати. Третманот се изведува со 38% hydrogen peroxide кој се активира многу брзо под дејство на LED ламбата.

Во секоја формула при белеење има активна супстанца, а самото белееење функционира врз база на оксигенативна редукција. Разложувањето во многу мали молекули овозможува на агентот за белеење да продре во интерпризматските простори. Резултатите се блескави бели и почисти заби, под дејство на осветлувачкиот ефект. Клиничките резултати на голем број на пациенти покажуваат дури и до 8 нијанси посветли заби (мерено со VITA скала).

Многу е важно да се посочи дека концентрација на натриум нитрат и флуоридните адитиви ја намалува сензитивноста на забите по белеењето.

Третманот на избелување на забите не е траен. Емајлот со тек на време апсорбира бои под дејство на надворешните фактори па затоа белеењето на забите може да се повторува периодично. Carlo De Giorgi, Polilux Accelerator е иновативна LED ламба за професионално избелување на забите; со бранова должина од 465 nm и изворот на енергија (30 000 mW/cm2). Досега студиите покажале дека дава најдобри можни резултати со еден единствен третман за само 20 минути.

Ламбата има специјален screen кој што овозможува апсорбирање на ултравиолетови и инфрацрвени зраци а притоа се избегнува оштетување на меките ткива.

После третманот на белеење пациентот треба да се придржува кон препораките кои се дадени од страна на стоматологот. Значи треба да внимава на храната која се конзумира, треба да се избегнува многу зачинета храна со црвен пипер, кари и други зачини кои вршата пребојување на забите. Пијалоци како црвено вино, сокови од боровница, малина, Coca Cola и други темно пребоени напитоци како кафето, чаевите. И секако од особена важност е ограниченото конзумирање на цигари. Придржувањето кон советите од стоматологот овозможуваат подолготрајност на добиената боја.

Адреса

Козле 93 - Скопје

Телефон

076 231 657 / (02) 3084 616

е-маил

dr.ane@kotevdental.com.mk

Работно време

Пон - Пет: 9:00 - 20:00