(Macedonian) Детска и превентивна стоматологија

Детска И Превентивна Стоматологија

Денес превентивата претставува основен поим во модерната медицина и стоматологија па затоа и на неа ставаме посебен акцент.

Посетата на стоматолог треба да почне уште со никнувањето на млечните заби. Нивното навремено пломбирање доколку тие се кариозни е значајно. Кариесот го разорува млечноит заб а со тоа доаѓа до негово предвремено губење и подоцна до неправилно сместување на трајните заби. Млечнот заб е чувар на местото на трајниот заб. Затоа правилното одржување на орална хигиена, добрата исхрана и примената на флуоридите има големо влијание во спречувањето на настанувањето на кариесот.

Превенцијата на младите трајни заби започнува уште со самото нивно никнување и опфаќа покрај добрата орална хигиена и залевање на фисурите. Тоа претставува посебна неинвазивна профилактичка мерка со која се запечатуваат фисурите (местата на кои најчесто се задржува храна и почнува кариесот).

Денес кариесот на младите трајни заби се отстранува по начелата на минимално-инвазивна стоматологија каде максимално се чува здравото забно ткиво а современите композитни материјали даваат успешна реставрација. Редовните контролни прегледи секако допринесуваат за зачувување на здравите заби.

Адреса

Козле 93 - Скопје

Телефон

076 231 657 / (02) 3084 616

е-маил

dr.ane@kotevdental.com.mk

Работно време

Пон - Пет: 9:00 - 20:00