(Macedonian) Ласерско лекување

Ласерско Лекување

Примената на ласер во современата стоматологија овозможува да третманите бидат прецизни, без крварење, речиси безболни и поефективни. Во нашата ординација работиме со Мекоткивен Диоден Ласер кој е соодветен за повеќе стоматолошки процедури. Диодниот ласер е посебно популарен во современата стоматологија поради микро хируршките интервенции кои може да се вршат со него и при тоа се комплетно безболни, брзо заздравувачки и овозможуваат воедно и стерилизација на работното поле.

  • Гингивектомија - прецизно отстранување на гингивата (непцето) и продолжување на видливиот дел на коронката на забот со што се подобрува естетскиот изглед
  • Френулектомија-отстранување на ресичката на усницата или јазикот, со цел подобрување на подвижноста на усницата или јазикот, а и при ортодонтски третман кога има ниско припоен френулум
  • Третман на хиперсензитивни заби
  • Третман на пародонтопатија -обработка на меките ѕидови на парадонталните џебови

  • Стерилизација на коренски канали при ендодонтски третман
  • Третман на афти и херпес
  • Белеење на заби
  • Третман на перимплантит
  • Третман на Гингивитис

Адреса

Козле 93 - Скопје

Телефон

076 231 657 / (02) 3084 616

е-маил

dr.ane@kotevdental.com.mk

Работно време

Пон - Пет: 9:00 - 20:00