Орална Хирургија
Апликацијата на коска е честа процедура во стоматологијата која се употребува за подобрување на структурата на коската при поставување на импланти, за пополнување на големи коскени дефекти кои се настанати при екстракција на заби, најчесто умници, цистектомии и апикотомии. Интервенцијата се изведува со локална анестезија и е безболна.
Претставува хируршка интервенција која се изведува од страна на максилофацијален хирург со која се отсрануваат цистите кои растат во коскеното ткиво.
Гребенот на долната и горна вилица не секогаш е погоден за изработка на протези, затоа понекогаш е потребно да се отстранат сите нерамнини на гребенот (анатомски формации) кои ја спречуваат стабилноста на протезата. Со помош на хируршка интервенција се врши нивелација на гребенот а со тоа и се подобрува формата на алвеоларниот гребен.
Тоа е интервенција во која се врши хируршко отстранување на врвот на коренот на забот и присутниот патолошки процес во коската.
Со апикотомијата се овозможува зачувување на забите со периодонтални процеси, кои не е возможно да се излечат со конзервативна терапија и кои во спротивно би требало да се извадат.
Интервенцијата се врши под дејство на локална анестезија.