Доктор Стоматолог

Доктор по стоматологија

е-маил: katerina_mitrovska@hotmail.com.mk
тел: 078 207-786

Д-р Катерина Котевска, доктор по општа стоматологија, специјалист по орална хирургија со имплантологија. Високото образование го завршува во 2010 година во Скопје, на Универзитетскиот Клинички Центар „Св Пантелејмон“ - стоматолошки факултет, во склоп на УКИМ. Во 2018 година се стекнува со звање специјалист по орална хирургија со имплантологија, на истиот универзитет. Поседува долгогодишно работно искуство од областа на општа стоматологија и орална хирургија, како и естетска стоматологија и протетика. Цврсто верува во важноста на континуираната едукација, поради што активно учествува на многубројни домашни и странски конгреси, курсеви и останати настани од едукативен карактер. Вљубеник во својата работа и одговорна за бројни убави насмевки.

Доктор по стоматологија

е-маил: dr.emilija@kotevdental.com.mk
тел: 076 434-443

Др.Емилија дипломирала 2006 год.на Стоматолошкиот Факултет на универзитетот "Св.Кирил и Методија" Скопје.
Oд 2009 год. работи како резидент стоматолог во ординацијата Котев др. Ане.
Нејзини специјалности во стоматолошката пракса се модерна ендодонција, ласерска стоматологија, естетска стоматологија,протетика, конзерватива и детска стоматологија. Се грижи нејзините пациенти да имаат здрави и беспекорни насмевки а нивните индивидуални потреби и желби се во центарот на нејзиното внимание. Поседува Lumineers сертификат, сертификат за работа со машински Pro Taper,сертификат за 3- D Orturation и сртификат за меко и тврдоткивен Ласер. Од 2019 год е специјализант на катедрата по Ортодонција на Стоматолошкиот факултет во Скопје.
Член е на Македонската Стоматолошка комора и нејзин предизвик се континуирана едукација за новитетите во стоматологијата и нивна примена во секојдневна пракса .

Доктор по стоматологија

е-маил: dr.ane@kotevdental.com.mk
тел: 070 231-657

Др.Котев Ане дипломирал 1987 г. на Стоматолошкиот Факултет на Универзитетот "Св.Кирил и Методиј" Скопје.После стекнување на работното искуство во Република Косово, станува сопственик на приватна стоматолошка ординација од 1990 г. После долгогодишна пракса повеќе од 30 год. негови специјалности се Протетика и Имплантологија.Член е на Македонската Стоматолошка Комора од нејзиното основање.

Др.Котев Ане е стоматолог кој покрај долгогодишното искуство и неговата професионална стручност е внимателен, срдечен и се труди да ја овозможи најдобрата можна грижа за своите пациенти.

Др Котев е редовен посетител на сите стоматолошки семинари во нашата земја и учестува барем најмалку 3 пати на светски рангирани стоматолошки семинари.Неговата континуирана едукација ја практицира секојдневно во стоматолошката пракса.

Адреса

Козле 93 - Скопје

Телефон

076 231 657 / (02) 3084 616

е-маил

dr.ane@kotevdental.com.mk

Работно време

Пон - Пет: 9:00 - 20:00