LUMINEERS

LUMINEERS

Aко во речник побарате под зборот “Едноставно” можеби во објаснување да видите Lumineers, бидејќи нивното поставување е лесно, штеди од забот, а најдобриот дел е што е безболно. Без традиционалната потреба за одземање на забната супстанца Lumineers може да креира уникатна и перфектна насмевка за секој, при тоа елиминирајки го стравот од одење на стоматолог. Токму затоа илјадници од естетските стоматолози низ целиот свет самоуверено и ентузијастички ги нудат Lumineers, нивното поставување е минимално инвазивно, а со неспоредливи резултати.

Драматичната трансформација на насмевката со најмалку инвазивен начин ги прави Lumineers единствените Фасети кои ги превенираат и ги заштитуваат природните заби колку што е возможно, а самиот процес е безболен до толку што не е потребен ниту Аспирин после третманот. Се повеќе и повеќе стоматолозите се инспирирани од фактот што Lumineers овозможуваат природните заби да останат во контакт и тоа што самата процедура е реверзибилна. Традиционалните Фасети кои се поставуваат бараат одземање на сензитивната структура на забот и стругање на долните заби. Последиците од таа редукција на забната структура потоа може да доведе до некроза на пулпата, која подоцна бара ендодонтски третман.

Lumineers овозможува безболна и перманентно разубавена насмевка, без при тоа да треба анестезија и болни стругања. Процедурата е едноставна и нежна, а сензитивноста на забите изостанува па не е потребно земање на никакви анелгетици.

За сите возрасни кои живееле до сега со своите помалку совршени заби, прикривајќи ја несигурноста на својата насмевка Lumineers ке овозможи инстантно правилно наредени заби со перманенто бела боја. Одлична замена е и за протези и ортодонтски апарати или за превенција од нивно носење. Lumineers може да бидат поставени дури и на веќе постоечки навлаки за да ги подобрат естетски и помогнат за подобра насмевка.

Тие исто така се погодни за деца и тинајџери, кога нивните заби се скршени, поткршени или кога имаат дамки на нивните површини. Поставувањето на Lumineers e одлично кај вакви малди пациенти бидејки нема потреба од стругање и брусење на забот а и самата процедура е реверзибилна. Децата и тинајџерите имаат поголеми нерви и пулпа отколку возрасните па затоа и нервите се поблиску до рабовите на забите. Па затоа најчесто кога се стругаат забите за традиционални фасети се случува да се отвори нервот на забот а потоа и ендодонтски да се лекува.

Lumineers може да се изработуваат само од Cerinate Porcelan, иновативен порцелан кој не може да се изработи на ниедно друго место освен во Den-Mat Корпорацијата.
Lumineers креира насмевка за своите корисници која клинички е докажано трае и по 20 години.
Lumineers може да се опише во 2 збора-Ултара тенки, и одлично цврски за транспарентна насмевка отпорна од микро-пукнатини кои можат да ја уништат реставрацијата.

Адреса

Козле 93 - Скопје

Телефон

076 231 657 / (02) 3084 616

е-маил

dr.ane@kotevdental.com.mk

Работно време

Пон - Пет: 9:00 - 20:00