
Др. Ане Котев
е-маил: dr.ane@kotevdental.com.mk
тел: 070 231-657
Др.Котев Ане дипломирал 1987 г. на Стоматолошкиот Факултет на Универзитетот "Св.Кирил и Методиј" Скопје.После стекнување на работното искуство во Република Косово, станува сопственик на приватна стоматолошка ординација од 1990 г. После долгогодишна пракса повеќе од 30 год. негови специјалности се Протетика и Имплантологија.Член е на Македонската Стоматолошка Комора од нејзиното основање.
Др.Котев Ане е стоматолог кој покрај долгогодишното искуство и неговата професионална стручност е внимателен, срдечен и се труди да ја овозможи најдобрата можна грижа за своите пациенти.
Др Котев е редовен посетител на сите стоматолошки семинари во нашата земја и учестува барем најмалку 3 пати на светски рангирани стоматолошки семинари.Неговата континуирана едукација ја практицира секојдневно во стоматолошката пракса.