Ласерско Лекување
Примената на ласер во современата стоматологија овозможува да третманите бидат прецизни, без крварење, речиси безболни и поефективни. Во нашата ординација работиме со Мекоткивен Диоден Ласер кој е соодветен за повеќе стоматолошки процедури. Диодниот ласер е посебно популарен во современата стоматологија поради микро хируршките интервенции кои може да се вршат со него и при тоа се комплетно безболни, брзо заздравувачки и овозможуваат воедно и стерилизација на работното поле.

- Гингивектомија - прецизно отстранување на гингивата (непцето) и продолжување на видливиот дел на коронката на забот со што се подобрува естетскиот изглед
- Френулектомија-отстранување на ресичката на усницата или јазикот, со цел подобрување на подвижноста на усницата или јазикот, а и при ортодонтски третман кога има ниско припоен френулум
- Третман на хиперсензитивни заби
- Третман на пародонтопатија -обработка на меките ѕидови на парадонталните џебови

- Стерилизација на коренски канали при ендодонтски третман
- Третман на афти и херпес
- Белеење на заби
- Третман на перимплантит
- Третман на Гингивитис