Мобилни Протетски Надоградби
Кога во вилцата недостасуваат поголем број на заби, и истите не може да се надополнат со фиксна изработка (мостови) или нема можности за поставување на импланти во тој случај се изработуваат мобилни протетски помагала.

Предноста на овие мобилни протетски надоградби е економичноста, а недостотакот е лошото пренесување на џвакопритисокот, кој нормално се пренесува преку коренот на забот па на коската, а овде оптеретувањето претежно е на слузокожата која не е соодветна за такво оптеретување.
Плочести парцијални протези кои се поставуваат кога во вилицата има сеуште преостанати заби.
- Класична парцијална протеза, која се држи за преостанатите заби со помош на кукици кои понекогаш може да се видливи што е и нејзин недостаток.
- Velplast протези имаат големи предности затоа што се направени од материјал кој е флексибилен, не се кршат и кукиците се изработуваат од акрилат кој естетски задоволува. Тие се прилагодуваат на релјефот на усната празнина и се доста тенки а со се тоа многу придонесуваат за комфортно чувство за пациентите.
- Парцијална скелетирана протеза - Визил протеза, тоа е протеза која во својот состав содржи и метал и нејзина предност е тоа што дел од џвакопритисокот се пренесува и на преостанатите заби. Исто голема предност е што изостанува големата акрилатна плоча со што на пациентот му овозможува природно чувство и помал осет на страно тело во устата.
- Тотални протези кои се изработуваат кога во вилицата нема преостанато ниту еден заб. Со нив се надополнуваат сите заби и делови од изгубениот алвеоларен гребен. Тие овозможуваат враќање на анатомските и функционалните недостатоци, а со нив се делува и превентивно на општата здравствена состојба.
